КОСОВО ОДБИ ДА УАПСИ НОВИНАР ПО БАРАЊЕ НА ТУРЦИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:29:"Косово(Ројтерс)

    КОСОВО ОДБИ ДА УАПСИ НОВИНАР ПО БАРАЊЕ НА ТУРЦИЈА

    Косовскиот министер за надворешни работи го оцени барањето на Турција да се казни новинар поради ироничен коментар на Фејсбук за воениот пуч во земјата, како неприфатливо и претерано. Додека се развиваше неуспешниот пуч на 15 јули, Берат Бузала, водечки новинар во Косово познат по сатиричните коментари, напиша на Фејсбук:

    „Ги поканувам граѓаните на Република Косово кои се на одмор во Турција да и се придружат на армијата. Ова е најсериозен пуч откако постои Фејсбук“. Коментарот е потпишан со Интернет емотикон со исплазен јазик, што укажува дека не е сериозен.

    Турската амбасада и испрати нота на косовската влада со која бараше да се преземат мерки против Бузала, наведувајќи го законот кој им забранува на косовските граѓани да се приклучуваат на воени конфликти надвор од земјата. Бузала има над 40.000 следбеници на Фејсбук. Неговиот портал за вести газетаекспрес.ком, кој е најголем во Косово и има околу милион читатели дневно, ги критикуваше Косовците кои заминале да се борат за Исламска држава во Сирија и Ирак.

    „Без сомнеж ова е претерана реакција на турската амбасада во Приштина“, изјави министерот за надворешни работи Енвер Хоџај во интервју за Радио Слободна Европа. Хоџај ја нарече нотата „неприфатлива“ и најави дека наскоро ќе се сретне со турскиот амбасадор во земјата. Барањето на Турција предизвика критики од новинарите и граѓанското општество во Косово. Здружението на новинари побара извинување од амбасадата и побара од Анкара да го повлече својот амбасадор. Јавниот обвинител Александер Лумези изјави дека не видел никаква кривична одговорност во потегот на Бузала.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира