50-годишна жена се бори за живот на КАРИЛ, а нејзината 75-годишна мајка е во стабилна состојба, исто така, примена на КАРИЛ, откако синоќа моторџија удрил на пешачки премин четворица пешаци на булеварот Илинден во близина на гимназијата „Орце Николов“, велат од Клинички центар.
Од болницата „8 Септември“ велат дека 50-годишната жена првин била примена кај нив во критична состојба со повреди на главата, рбетот и градниот кош, а потоа пренесена на КАРИЛ. Нејзината мајка има крвавење на главата. Другите двајца пешаци, еден маж и една жена на околу 45 годишна возраст се лекуваат во болницата „Св. Наум Охридски“ од скршеници. Нивната состојба е добра.
Моторџијата бил донесен на Ургентен центар со лесни повреди и пуштен на домашно лекување. Од полицијата најавија повеќе детали за сообраќајната несреќа во текот на денот, а според првични информации, станува збор за 38-годишник.
Е. БОЧВАРОСКА