Утрово моторџија прегази деветгодишен ученик пред основното училиште „Ацо Шопов“ во скопската населбата Радишани. Детето за време на големиот одмор ја минувало улицата Радишанска на пешачки премин, при што било прегазен од моторџија. Детето е пренесено во болницата „Св. Наум Охридски“ со повреди на ногата, но е надвор од животна опасност.
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски вели дека несреќата се случила пред полициската патрола која стоела пред училиштето.
„Ние пред секое основно училиште за поголема безбедност на децата побаравме да им полициска патрола. Детето ја минувало улицата, едно возила застанало, но лицето кое го управувало моторот не застанал и го удрил детето. Улицата Радишанска е под надлежност на Град Скопје, ќе разговараме денес, за да најдеме начин за да ја зголемиме безбедноста“, вели градоначалникот Смилевски.
Родители велат дека постојано бараат од училиштето и општината да се постават легнати полицајци на улицата бидејќи возила и мотори минуваат со голема брзина, па децата не се безбедни. Но, досега никој не преземал ништо.
А. АНТЕВСКА