ТРАМП НЕНАДЕЈНО ГО ОТКАЖА МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАН

    ТРАМП НЕНАДЕЈНО ГО ОТКАЖА МИРОВНИОТ ДОГОВОР СО ТАЛИБАНЦИТЕ ВО АВГАНИСТАНТрамп твитна дека денеска требаше да се состане со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и високи лидери на талибанците, но ја откажа тајната средба во Кемп Дејвид, откако милитантите признаа дека стојат зад неодамнешниот напад во кој загина американски војник. (Фото: АП)

    Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги откажал мировните преговори со талибанците, со што требаше да се стави крај на 18-годишната војна на САД во Авганистан. Трамп твитна дека денеска требаше да се состане со авганистанскиот претседател Ашраф Гани и високи лидери на талибанците, но ја откажа тајната средба во Кемп Дејвид, откако милитантите признаа дека стојат зад неодамнешниот напад во кој загина американски војник.

    САД го нападнаа Авганистан и ги соборија талибанците од власт во 2001. Милитантите беа засолниште за мрежата на Ал Каеда за планирање на нападите на 11 септември 2001 врз САД.

    Извор од политичката канцеларија на талибанците во Доха за Би-Би-Си изјави дека групата ќе одржи „итен внатрешен состанок“ за да разговара за одлуката на Трамп.

    Средбата лице в лице со талибанците во Кемп Дејвид, непосредно пред 18-годишнината од нападите на 11 септември, ќе беше исклучителен дипломатски потег на американскиот претседател. Главниот американски преговарач во понеделникот најави мировен договор „во принцип“. Тоа беше резултат на девет рунди разговори помеѓу претставниците на САД и талибанците, што се одржаа во Доха, главниот град на Катар. Но, синоќешните твитови на Трамп изгледа ќе стават крај на скоро една година макотрпни преговори што ја исклучија авганистанската влада во Кабул, која талибанците не ја признаваат и ја сметаат за американски марионети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира