РУСКОСКА БЕШЕ ЗАМЕНИК НА ЃЕШКОСКА ВО ВРЕМЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, ПА НИКОЈ НЕ МЕ ПРАШАЛ ДАЛИ МИ СЕ ДОПАЃА ТОА ИЛИ НЕ, ГО БРАНИ СТАВОТ ЗАЕВ ДЕКА ТОЈ И МИЦКОСКИ НЕ ТРЕБА ДА МЕНУВААТ ОБВИНИТЕЛ

    РУСКОСКА БЕШЕ ЗАМЕНИК НА ЃЕШКОСКА ВО ВРЕМЕ НА ВМРО-ДПМНЕ, ПА НИКОЈ НЕ МЕ ПРАШАЛ ДАЛИ МИ СЕ ДОПАЃА ТОА ИЛИ НЕ, ГО БРАНИ СТАВОТ ЗАЕВ ДЕКА ТОЈ И МИЦКОСКИ НЕ ТРЕБА ДА МЕНУВААТ ОБВИНИТЕЛПремиерот Зоран Заев вели дека несоодветно и недозволиво ни по закон, ни по Устав, е тој и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да менуваат обвинители. - Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска (Фото: СДК.МК)

    На 10 месеци пред истекот на мандатот како шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, несоодветно и неуставно е премиер и лидер на опозицијата да ја менуваат, смета премиерот Зоран Заев.

    „Десет месеци пред истекот на мандатот на шефицата за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, Зоран Заев и Христијан Мицкоски да ја менуваат и да наместат нов шеф по желба на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, па кој ќе ги зел само предметите на СЈО кои се со истраги и обвиненија против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, е навистина несоодветно и недозволиво ни по закон, ни по Устав“, рече премиерот Зоран Заев во Владата, одговарајќи на новинарски прашања за исходот од синоќешните преговори со Христијан Мицкоски, кои се претвориле, како што потврди и Заев, во навлегување и мешање во истраги и обвиненија.

    Тој и министерката за правда Рената Дескоска не дозволиле да се менуваат обвинители по политичка желба, бидејќи не се Совет на јавни обвинители туку се само извршна власт и најголема опозициона партија.

    „Не им се допаѓала Вилма Рускоска. Па таа беше заменик на (шефицата на Скопското обвинителство, н.з.) Гордана Ѓешковска во време на ВМРО-ДПМНЕ. Ме прашал мене дали ми се допаѓа тоа? Не. Рускоска во моментов води сериозни истраги и застапува обвиненија, меѓу кои се и ‘Рекет’ и тоа за организаторите на 27 април и треба да остане посветена на своите предмети“, рече Заев.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира