ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА ВЕЛЕС НИКАКО ДА ПОЧНЕ ОТИ НЕМА ТЕРЕН ЗА ИГРАЊЕ

    ОПШТИНСКАТА ФУДБАЛСКА ЛИГА НА ВЕЛЕС НИКАКО ДА ПОЧНЕ ОТИ НЕМА ТЕРЕН ЗА ИГРАЊЕТеренот на помошното игралиште во Велес е во очајна состојба, иако ФФМ имала добиено пари од УЕФА за негова обнова (Фото: СДК.МК)

    Општинската фудбалска лига во Велес никако да почне поради лошата состојба на теренот на помошното игралиште.

    Натпреварите требало да почнат пред две седмици, а се одложени за уште една. Досега учеството го пријавиле десетина екипи. Од Општинскиот фудбалски сојуз на Велес реагираат што термините на првенството се пролонгираат, а нема терен каде би се играло. Од локалната власт потсетуваат дека ФФМ од УЕФА три пати добила по 5.000 евра за обнова на фудбалските игралишта во Башино Село, Превалец и на помошниот стадион во Велес, кој се наоѓа во Градски парк.

    „На игралиштето беа изведени зафатите за подземна инсталација, под тревата беше поставен систем за наводнување, па беа истурени големи количества песок. По ова започна копање за вадење на подземна вода која ќе служи за полевање. Но, работата е стопирана од страна на надлежните инспекциски служби оти нема извадено соодветна градежна дозвола“, објасни градоначалникот Аце Коцевски.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира