Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева околу пладне беше донесена во Обвинителството за организиран криминал и корупција на увид во доказите против неа во случајот „Рекет“. Таа е осомничена за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластувања и е во притвор во затворот во Шутка од 21 август, кога беше уапсена. Јанева беше на распит кај Вилма Русковска, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и коруција, во вторникот, но одби да даде исказ додека не изврши увид во доказите, што е нејзино законско право.
- ЈАНЕВА СЕ БРАНЕЛА СО МОЛЧЕЊЕ, ЛИЧНО ЌЕ ВРШИ УВИД ВО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ НЕА
- ЈАНЕВА ДОБИЛА МЕБЕЛ ОД 5.000 ЕВРА ЗА ДА ЈА ЗАПРЕ ПОСТАПКАТА ПРОТИВ КАМЧЕВ, РУСКОСКА БАРА ПРИТВОР ЗА НЕА
Вчера, првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 беше спроведен од затворот во Шутка во Обвинителството за организиран криминал и корупција да изврши увид во доказите против него. Во „Рекет“, осомничен е и Зоран Милевски-Кичеец, кој неделава беше пуштен во куќен притвор.