ОДЛОЖЕНО ПОРИБУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СО МЛАДИ ЈАГУЛИ ОТИ ФИРМАТА ШТО ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ ЈА НЕМАШЕ ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА

    ОДЛОЖЕНО ПОРИБУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО СО МЛАДИ ЈАГУЛИ ОТИ ФИРМАТА ШТО ГО ДОБИ ТЕНДЕРОТ ЈА НЕМАШЕ ПОТРЕБНАТА ДОКУМЕНТАЦИЈАФирмата требало да има документ дека младите јагули поминале доволно време во карантин, со што ќе се утврди дека се тие здрави и оти можат да бидат пуштени во езерските води. (Фото: СДК.МК)

    Порибувањето на Охридското Езеро со околу 900 килограми млади јагули на струшкиот брег денес беше одложено, оти фирмата „Ново рибарство“ која го доби тендерот за порибување на самото место ја немаше потребаната документација од надлежната инспекција. Фирмата требало да има документ дека младите јагули поминале доволно време во карантин, со што ќе се утврди дека се тие здрави и оти можат да бидат пуштени во езерските води.

    Во Охридското Езеро денес требаше да бидат фрлени околу 30 илјади единки на млада јагула.

    На местот каде што требаше да се спроведе порибувањето беше и директорот на државната компанија АД ЕСМ Васко Ковачески. ЕСМ го финансира овој проект за порибување, кое за последен пат беше извршено пред две години.

    Порибувањето на Охридското Езеро со млади јагули се врши откако, поради изградбата на електраните на Црн Дрим, беше прекинат природниот пат на охридската јагула од околу 7.000 километри. Таа се мрестеше во Сарагаското Море.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира