Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на притворената поранешна специјална обвинителка и одлучи да остане и натаму во притвор во Шутка.
Судиите во кривичниот совет одлучиле да ја укинат точката 2 за влијание врз сведоци, бидејќи истрагата, како што соопшти Обвинителството за организиран криминал и корупција, во делот за нејзино влијание во „Империја“, е завршена и таа повеќе не може да влијае врз сведоците.
Сепак, поради опасност од бегство, таа ќе седи и натаму во притвор, одлучија судиите.
Јанева го тера второто продолжение на притворот од по 30 дена за „Рекет“, кај што е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувањата како шефица на СЈО.
Во Шутка е и Бојан Јовановски, за чиј притвор со нови 30 дена во четврток на јавна седница ќе одлучува кривичниот совет на Апелација. Третиот осомничен Зоран Милевски е веќе во домашен притвор.
С. К. ДЕЛЕВСКА