СО 1.500 ЕВРА КАЗНЕТ ВЕШТАКОТ НА СЈО ЗА „ТРАЕКТОРИЈА“ ОТИ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТО

    СО 1.500 ЕВРА КАЗНЕТ ВЕШТАКОТ НА СЈО ЗА „ТРАЕКТОРИЈА“ ОТИ НЕ ДОЈДЕ НА СУДЕЊЕТОВештото лице Страхил Глигоровски беше ангажиран од СЈО и тој денеска требаше да биде вкрстено испрашуван од обвинетите Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Ѓорѓиевски; - Обвинетите во „Траекторија“ Миле Јанакиески и Владимир Пешевски на едно од претходните рочишта во Основниот суд Скопје 1 (Фото: Ѓ. Личовски)

    Вештото лице кое во сличајот „Траекторија“ на СЈО, за изградбата на кинеските патишта поскапо за 150 милиони евра државни пари, кое требаше денеска да биде сослушан во Основниот суд Скопје 1, не дојде на рочиштето иако уредно примил судска покана, па судијата Горан Бошевски го казни со 1.500 евра.

    „Очигледно судскиот вештак одбегнува да дојде да биде сослушуван“, рече судијата Бошевски.

    Вештото лице Страхил Глигоровски беше ангажиран од СЈО и тој денеска требаше да биде вкрстено испрашуван од обвинетите Миле Јанакиески, Владимир Пешевски и Љупчо Ѓорѓиевски.

    Судењето мораше да се одложи за ноември, а во меѓувреме застарува обвинението за наредбата што им ја дал експремиерот Никола Груевски на обвинетите да ја злоупотребат службената положба и овластувањата, дело што е повеќе казниво од неговото. Груевски е обвинет за кривичното дело „Примање награда за противзаконито влијание“ во случајот „Траекторија“ на СЈО, за кое казната е до три години затвор.

    Унгарија не го враќа назад избеганиот Груевски  кој таму доби азил, за што и официјално во август годинава беше известено Министерството за правда.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира