РУСКОВСКА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА НОВИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА ИЗМАМИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13, ЈОВЕСКИ НАЈАВИ АПСЕЊА

    РУСКОВСКА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА НОВИ ЧЕТИРИ ЛИЦА ЗА ИЗМАМИТЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ СОЈУЗ НА БОКИ 13, ЈОВЕСКИ НАЈАВИ АПСЕЊАРускоска отвора истрага за измамите поврзани со наводна изградба на старечки домови (Фото: СДК.МК)

    Обвинителката Вилма Русковска денеска отвора истрага против нови четири лица, кои ќе бидат осомничени во делот на измамите со наводна изградба на старечки домови од страна на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски-Боки13. Во истрагата е опфатен и самиот Јовановски, кој е веќе во притвор. Од петте лица, за три ќе се бараат превентивни мерки, а под истрага е и едно правно лице-фирма. 

    Ова го кажа републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој не го открива идентитетот на новоосомничените четворица во оваа истрага.

    Тој кажа дека овие лица се товарат за измама и перење пари во врска со земените околу 700.000 евра од фирмата на битолскиот бизнисмен Силјан Мицевски и на над 200.000 евра што струшкиот бизнисмен Ардијан Амзоски ги уплатил на сметката на Сојузот.

    Јовески само навести дека во текот на денот можно е дел од овие лица да бидат изнесени и пред судија во претходна постапка, каде се оди во случај кога има барања од обвинителствата за притвор или други мерки.

    На прашање дали можеби меѓу нив има и лица кои досега беа сослушани кај Русковска, како Мицевски, Амзоски, но и Фросина Ташевска-Ременски и Александар Кирацоски, Јовески кажа дека „меѓу нив има и сослушани и несослушани“.

    Првиот дел од истрагата за „Рекет“ е завршен и останува, ако сака, исказ да даде Јовановски, кому вчера му се слоши.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира