Алатка на „Гугл“ која го мери загадувањето на воздухот во градовите наскоро ќе биде достапна и во Европа.
Таа досега се користеше само во САД и „Гугл“ во прв момент ќе ја понуди на Бирмингем, Манчестер, Вулверхемптон, Ковентри, Даблин и Копенхаген, а потоа секој град ќе може да се пријави себеси преку онлајн формулар. Наречена „Environmental Insights Explorer“ (ЕИЕ), таа нуди податоци за четири категории: загадувањето од згради, загадувањето од сообраќај, општо загадување и сончев потенцијал.
Алатката е дизајнирана за да им помогне на градовите да видат какви промени би можеле да направат за да го намалат аерозагадувањето, како креирање повеќе велосипедски патеки и инсталирање соларни панели на згради.