БРИГИД КОСГЕИ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН ЗА ЖЕНИ

    БРИГИД КОСГЕИ ПОСТАВИ НОВ СВЕТСКИ РЕКОРД ВО МАРАТОН ЗА ЖЕНИКосгеи симна повеќе од една минута од рекордот на Пола Редклиф (Фото: Ројтерс)

    Кенијката Бригид Косгеи го истрча најбрзиот маратон на сите времиња во женска конкуренција, за да ја одбрани титулата во Чикаго.

    Дваесет и петгодишната Косгеи ја истрча делницата од 42,2 километра за два часа, 14 минути и четири секунди и за повеќе од една минута го надмина рекордот на Пола Редклиф од Лондонскиот маратон во 2003. Токму Косгеи славеше во Лондон оваа година, при што стана најмладата победничка на сите времиња.

    Резултатот на Редклиф беше најдолговечниот рекорд во маратон досега во двете конкуренции. Редклиф беше една од првите кои ѝ честитаа на Косгеи во целта.

    „Среќна сум затоа што ова не го очекував. Но, чувствував како моето тело се движи и движи и решив да одам по рекордот“, кажа Косгеи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира