СЛАТКОВОДНИОТ РАК НАПРАВИ ЖИВЕАЛИШТЕ ВО ФРИЖИДЕРОТ ФРЛЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

    СЛАТКОВОДНИОТ РАК НАПРАВИ ЖИВЕАЛИШТЕ ВО ФРИЖИДЕРОТ ФРЛЕН ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРОФрижидерот беше пронајден минатата година (Фото: Акватек)

    Слатководниот рак си направи живеалиште во фрижидер што се наоѓа на дното на Охридското Езеро. Охридските нуркачи од „Акватек” го пронајдоа фрижидерот минатата година, но одлучија да не го вадат бидејќи стравуваат дека ќе биде уништен и живиот свет.

    „Размислуваме дали да се извади бидејќи има доста жив свет на неговата површина, а има и знаци на живеалиште на охридскиот слатководен рак. Ќе се консултираме со стручни лица и ќе делуваме. Забележавме дека околу фрижидерот има многу малку жив свет, но на него вирее”, кажуваат охридските нуркачи.

    Нуркачите го открија фрижидерот на 15 метри длабочина, откако бил фрлен на 500 метри од брегот.

    Д. ЧУБРИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира