РУСИЈА И ТУРЦИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА КУРДИТЕ ОД ГРАНИЦАТА СО СИРИЈА

    РУСИЈА И ТУРЦИЈА ПОСТИГНАА ДОГОВОР ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕТО НА КУРДИТЕ ОД ГРАНИЦАТА СО СИРИЈАПутин и Ердоган одржаа шестчасовен состанок во Сочи (Фото: Ројтерс)

    Турција и Русија постигнаа, како што го нарекоа, историски договор, кој треба да ги задржи курдските сили подалеку од границата со Сирија. Тој беше постигнат за време на паузата во турската офанзива, чија цел е да се формира сигурна зона долж границата.

    Според договорот, руските и сириските сили ќе го надгледуваат повлекувањето на курдските борци, кои не излегоа со коментар. Почнувајќи од следната недела, долж границата ќе патролираат заеднички турско-руски единици.

    Договорот уследи по шестчасовниот состанок на Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган во Сочи. Примирјето постигнато со посредништво на САД истече вчера попладне и Турција се закани дека ќе ја продолжи офанзивата, за потоа да соопшти дека „нема потреба од тоа“. Курдите добиле рок од 150 часови, односно до 29 октомври, да се повлечат 30 километри долж целиот фронт на реката Еуфрат, источно од градот Манбиџ.

    Турската офанзива почна откако САД ги повлекоа своите сили од североисточна Сирија, што според аналитичарите ќе го зацврсти турското и руското влијание во регионот. Во досегашните напади, Турција зазеде територија од 120 километри меѓу пограничните градови Рас ал-Аин и Тал Абјад, каде што планира да пресели два милиона сириски бегалци. Според договорот со Русија, на турските сили ќе им биде дозволено да останат во тој дел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира