ЛУВР СЀ УШТЕ ЈА ЧЕКА НАЈСКАПАТА СЛИКА НА СВЕТОТ ЗА УТРЕШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДА ВИНЧИ

    ЛУВР СЀ УШТЕ ЈА ЧЕКА НАЈСКАПАТА СЛИКА НА СВЕТОТ ЗА УТРЕШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДА ВИНЧИСѐ уште е неизвесно дали ќе биде изложена „Спасител на светот“ (Salvator Mundi) која на аукција во „Кристис“ во 2017 беше продадена за 450 милиони долари (Фото: АФП)

    Францускиот музеј Лувр, домот на „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, привршува со подготовките на една од најголемите изложби во историјата посветена на италијанскиот сликар, додека сѐ уште не е познато дали ќе биде изложена најскапата слика во светот. Лувр успеа да собере над 160 слики, скулптури, писма и цртежи од ренесансата за изложбата која се отвора утре, во чест на 500-годишнината од смртта на Да Винчи.

    „Мона Лиза“, која дневно привлекува околу 30.000 посетители, нема да биде дел од оваа поставка. Сѐ уште е неизвесно дали ќе биде изложена „Спасител на светот“ (Salvator Mundi) која на аукција во „Кристис“ во 2017 беше продадена за 450 милиони долари.

    Според „Волстрит џурнал“, сликата ја купил принцот на Саудиска Арабија Бадр бин Абудла, во име на престолонаследникот Мохамед бин Салма, познат по инцијалите МБС. Раководството на Лувр побарало да биде донесена и таа слика и сѐ уште се надева дека ќе успее да стигне за изложбата, со што го зголемуваат интересот на јавноста за отворањето.

    Да Винчи ја напуштил родната Италија кога починал неговиот мецена, и ги поминал последните години од животот во Франција, како гостин на кралот. Починал во мај 1519 во замокот Лоар Вале кој бил негов дом.
    Пред извесно време, судот од Венеција одобри да бидат позајмени неколку цртежи на Да Винчи, меѓу кои и славниот „Витрувијански човек“, кој ќе биде изложен само два месеца во Париз поради кревкоста. На изложбата ќе има голем број цртежи, скулптури и слики кои ги позајмила кралицата Елизабета Втора.

    Лувр очекува дека изложбата, која ќе трае до 24 февруари, да привлече најмалку пола милион посетители.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира