НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА СО ТРЧАЊЕ ПО ПОЛСКИ ПАТИШТА ЌЕ СТИГНАМ ДО ОЛИМПИЈАДА, СОНОТ НА РИСТЕ ПАНДЕВ СЕ ОСТВАРИ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Струмица,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА СО ТРЧАЊЕ ПО ПОЛСКИ ПАТИШТА ЌЕ СТИГНАМ ДО ОЛИМПИЈАДА, СОНОТ НА РИСТЕ ПАНДЕВ СЕ ОСТВАРИ

    Сонот на атлетичарот Ристе Пандев од струмичко Ново Коњарево да настапи на Олимписки игри се оствари. 22-годишниот спринтер деновиве ќе трча на 100 метри на Игрите во Рио, рамо до рамо со најбрзите луѓе на светот, меѓу кои и Јусеин Болт. Токму учеството на Олимписките игри беше мотивот за ова момче, кое шест години интензивно тренира во родното село, па по патиштата во струмичко и на стадионот „Младост“ на бетонска подлога. Кога за кусо време постави нов државен рекорд во дисциплината на 100 метри, тој почна да тренира и во Швајцарија, бидејќи во Македонија, како што вели, со импровизирани тренинзи нема успеси.

    Пандев ќе трча на 100 метри, дисциплината на славниот јамајкански спринтер Јусеин Болт, со кого се запозна на Светското првенство во Москва

    Пандев ќе трча на 100 метри, дисциплината на славниот јамајкански спринтер Јусеин Болт, со кого се запозна на Светското првенство во Москва

    „Во земјава во атлетиката воопшто не се вложува. Професионални атлетски патеки има само во Скопје и Охрид, во другите градови нема и затоа морав да заминам во Швајцарија за да напредувам. Кога сум во Македонија, најчесто тренирам и трчам покрај реката Струмешница во моето родно село Ново Коњарево за да ја одржам кондицијата, кадешто всушност и почнав. Тренирам и на бетонската подлога на стадионот ‘Младост’, по тревникот на градскиот парк во Струмица. Но со трчање на трева, земјен пат или на бетон тешко се постигнуваат високи атлетски резултати“ ни кажа Ристе Пандев, кој на 13 август ќе ја преставува Македонија во квалификациите на 100 метри на олимписката патека во Рио.
    Пандев, со резултат од 10,61 секунди, е најбрзиот Македонец. Верува дека на Олимписките игри во Рио ќе успее да истрча побрзо и да постави нов личен и државен рекорд. Смета дека може да истрча под 10,50 секунди и со овој резултат да ги алармира надлежните да се обрне поголемо внимание на индивидуалните спортови како што го праваат тоа сите други држави.

    22-годишниот атлетичар се надева дека во Рио ќе го собори личниот и државниот рекорд

    22-годишниот атлетичар се надева дека во Рио ќе го собори личниот и државниот рекорд

    „Кај нас се вложува во фудбалот, кошарката, ракометот. Како што се вложува во овие спортови, така треба и во атлетиката и во другите индивидуални спортови. Кај нас состојбата е повеќе од катастрофална. Не претекнаа дури и Албанија и Косово, каде до завчера немаше атлетичари. Насекаде во соседството се вложува во овој спорт, само во Македонија не“ вели Ристе Пандев, кој е член на АК „Струмица“, а негов тренер е некогашниот најдобар македонски атлетичар и поранешен олимпиец Ванчо Стојанов.
    Пандев е стипендист на Агенцијата за млади, а за својата кариера морал континуирано да бара спонзорства од фирми и институции за да му помогнат.
    Пред заминување за Бразил, првиот човек на Струмица Зоран Заев му подари икона со ликот на Исус Христос за да му посака среќа на 22-годишното момче, кое тврди дека упорноста секогаш се исплатува

    Тренер на Пандев е поранешниот олимпиец Ванчо Стојанов

    Тренер на Пандев е поранешниот олимпиец Ванчо Стојанов

    „Никогаш не верував дека со трчање по полските патишта во моето село ќе стасам до Олимпијада, но упорноста и лубовта кон овој спорт, ме однесоа на две светски првенства и еве сега на Олимписки игри што е сон на секој спортист. Па, затоа мојот апел до сите спротисти никогаш да не се откажуваат“ ни рече Пандев кој во Бразил најави нов личен и државен рекорд во дисциплината на 100 метри.
    Свеченото отворање на Олимпијадата во Рио ќе се одржи утре, поточно ноќта помеѓу петок и сабота по македонско време. Покрај Пандев, во Рио ќе настапат уште пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарката Дрита Исљами.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира