12 ФИРМИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРА

    12 ФИРМИ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПРЕЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ ОД 136 МИЛИОНИ ЕВРАСпоред планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Дванаесет фирми доставиле апликации за претквалификација на тендерот за изградба на пречистителна станица во Скопје.  Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека сите апликанти кои до истекот на крајниот рок поднеле само електронска апликација, се обврзани најдоцна до 14 октомври да ја достават апликацијата и во печатена форма. Потоа комисија ќе ги разгледува пристигнатите апликации, по што компаниите кои ги исполнуваат техничките квалификации ќе учествуваат на јавно наддавање.

    „До крајот на годинава очекуваме дека ќе го имаме изведувачот и да се стартува со градежни работи за реализација на овој капитален проект за Скопје. Пречистителна станица за отпадни води за нас претставува мотивација и поттик да продолжиме да работиме со вложување на сите капацитети и ресурси не само за целите на нашето претпријатие, туку и за доброто на сите граѓани, за заштита на животната средина, за подобрување на условите за живот за нас и за идните генерации “, вели директорот на „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

    Според планираното, Скопје до 2025 година треба да ја добие пречистителната станица, со што трајно ќе се реши проблемот на отпадни води од кои најмногу страда реката Вардар.

    Средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира