18 АВТОБУСИ НА ЈСП БИЛЕ ИЗНАЈМЕНИ ЗА ПРЕВОЗ НА ДЕЦАТА НА БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ВО СКОПЈЕ

    18 АВТОБУСИ  НА ЈСП БИЛЕ ИЗНАЈМЕНИ ЗА ПРЕВОЗ НА ДЕЦАТА НА БАДНИКОВАТА ПОВОРКА ВО СКОПЈЕОд ЈСП„Скопје“ утрово на Здружението им ја испратиле фактурата која изнесува 53.000 денари.-Деца кои беа дел од Бадниковата поворка во Соборниот храм во Скопје. (Фото:Ѓ.Личовски)

    ЈСП „Скопје“ изнајмила 18 автобуси на Здружението „Бадникови поворки“, за превоз на децата од општините до црквата Свети Димитрија, од каде поворката се упати кон Собораниот храм.

    Директорот на ЈСП „Скопје“ Христијан Чушков вели дека утрово на Здружението им ја испратиле фактурата која изнесува 53.000 денари.

    За превозот на децата биле изнајмени двокатни автобуси, нископодни и минибуси.

    Во саботата околу 7.000 деца беа дел од „Бадниковата поворка“. Децата најпрвин одеа кај градоначалниците на општините, каде ја пееја божикната песна „Вечниот бог“, а градоначалниците ги даруваа со пакетчиња и подароци. Потоа од таму организирано со автобуси децата дојдоа пред црквата Свети Димитрија од каде во поворка се упатија кон Соборниот храм каде се одржуваше традиционалната бадникова прослава.

    Од Министерството за образование велат дека инспектори од Државниот просветен инспекторат денес и утре се на терен во училиштата во сите градски региони низ земјава, за да проверат дали имало верско организирање на децата за учество во прославата на Бадник.

    „По инспекцискиот надзор ќе се знае дали имало вакво организирање во училиштата. Изминатите денови инспекторите не можеа да извршат контрола, бидејќи во тек е зимскиот распуст, а не беа на работа ниту наставниците и останатите вработени“, велат од Министерството за образование.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира