17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ, ОД НАГРАДЕНИТЕ ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ТВРДИНАТА

    17 ИДЕЈНИ РЕШЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА КАЛЕ, ОД НАГРАДЕНИТЕ ЌЕ СЕ ПРАВИ ПРОЕКТОТ ЗА ЗАЖИВУВАЊЕ НА ТВРДИНАТАДенеска во Музејот на современи уменост беа изложени и презентирани 17 идејни решенија кои стигнаа на меѓународниот конкурот кој го распиша Град Скопје, Музејот на современа уметност и Архитектонскиот факултет.(Фото: К.Попов)

    Наградените идејни решенија за тврдината Кале ќе бидат основа врз кои Град Скопје ќе го прави проектот за уредување и заживување на овој дел од градот. Денеска во Музејот на современи уметност (МСУ) беа изложени и презентирани 17 идејни решенија кои стигнаа на меѓународниот конкурот кој го распиша Град Скопје, Музејот на современа уметност и Архитектонскиот факултет.

    На конкурсот, седумчленото жири составено од архитекти и професори на Архитектонскиот факултет, претставник од Музејот на современата уметност и од Управата за заштита на спомениците на културата, доделени се две први награди од 125.000 денари и една трета награда од 50.000 денари. Првонаграден се решенијата на Александра Шулевска и Кристоф Шлислер архитекти од Берлин и проектот на Ана Рафаиловска, Марија Антиќ-Николова, Лидија Ристовска и Невенка Манчева-Аџиевска, архитекти од Скопје. Третата награда е доделена на проектот на Александар Врангалоски и Елеонора Поповска, архитекти од Берлин, со соработниците Лазо Лазаров и Маја Бошкович.

    „Сакам да упатам благодарност до сите учесници во овој конкурс, без оглед на тоа кој како бил оценет од стручната комисија. Ме радува фактот што на овој конкурс имаше толку голем интерес, добивме 17 труда со предлози како да ја зачуваме круната на Скопје, зашто Калето е круна на нашиот град. Ви благодарам што размислувавте како овој дел од градот што во минатото беше напуштен и запуштен може сите заедно да се обидеме да го облагородиме и да го направиме многу, многу поатрактивен“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    Од Музејот на современа уметност велат дека ваквите конкурси и предложените идејни решенија се апел до надлежните дека треба да се чува и заштити Калето.

    „Од 2013 година работиме на проектот да го заштитиме и ревитализираме Калето. Да создадеме околина и простор кој повеќе ќе го користат граѓаните. Големиот број на трудови кои пристигнаа покажуваат колку овој простор е атрактивен“, рече Зоран Петровски од МСУ.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира