2.000 ДЕНАРИ ЌЕ ПЛАТАТ ГАЗДИТЕ АКО ГО ОСТАВАТ КУЧЕТО ДА ИМ ШЕТА НИЗ СКОПЈЕ И ГО ЗАЛОВАТ ОД ЈП „ЛАЈКА“

    2.000 ДЕНАРИ ЌЕ ПЛАТАТ ГАЗДИТЕ АКО ГО ОСТАВАТ КУЧЕТО ДА ИМ ШЕТА НИЗ СКОПЈЕ И ГО ЗАЛОВАТ ОД ЈП „ЛАЈКА“Според ценовникот на ЈП „Лајка“ подготовка на сертификат за патување на куче чини 1.800 денари.(Фото: СДК.МК)

    Сопствениците кои ќе го остават кучето на улица или ќе им избега, ќе платат казна кога ќе биде заловено од ЈП „Лајка“. Според ценовникот на јавното претпријатие кој денеска треба да биде усвоен на седницата на Советот на Град Скопје заловување на домашен миленик на улица чини 2.000 денари, односно 2.500 доколку се употреби и анестетик. Потоа читањето на чипот за ветеринарите да ги откријат газдите на кучето чини плус 200 денари.

    Според ценовникот на ЈП „Лајка“ подготовка на сертификат за патување на куче чини 1.800 денари. Транспорт на куче во друг град е 2.000 денари во еден правец, а доколку услугата е во Скопје тогаш цената е по 15 денари за еден километар. Прием на домашен миленик по барање на сопствениците е 12.000 денари, а доколку е мајка со млади 24.000.

    Стационарот на новото јавно претпријатие на Град Скопје за улични кучиња почна да работи лани во октомври откако целосно беше реновиран.

    А. АНТЕВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира