25-ГОДИШНАТА ОХРИЃАНКА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19 ИМАЛА ДИЈАБЕТЕС И ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКА

    25-ГОДИШНАТА ОХРИЃАНКА КОЈА ПОЧИНА ОД КОВИД-19 ИМАЛА ДИЈАБЕТЕС И  ТЕШКА КЛИНИЧКА СЛИКАПочинатата охриѓанка пред десетина дена била префрлена на лекување во „8 Септември“, а починала во приватна болница. (Фото: СДК.МК)

    Дваесет и петгодишна охриѓанка е најмладата жртва на ковид-19 во денешната статистика што ја објави Министерството за здравство. Починала во приватна болница во Скопје, откако претходно се лекувала во Градската општа болница „8 Септември“, велат од Охридската болница.

    Таа била префрлена на лекување во Скопје пред десетина дена со тешка клиничка слика и била дијабетичарка.

    Триесет и две лица починаа од ковид-19 во изминатите 24 часа, на возраст од 25 до 81 година, со што вкупната бројка починати од почетокот на епидемијата во Македонија порасна на 6.045.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира