51 ОТСТО ОД МАЛОЛЕТНИТЕ ВО БИТОЛСКИ ГОРЕН БАИР НЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА „ГЕОСФЕРА“

    51 ОТСТО ОД МАЛОЛЕТНИТЕ ВО БИТОЛСКИ ГОРЕН БАИР НЕ ОДАТ ВО ШКОЛО, ПОКАЖА ИСТРАЖУВАЊЕТО НА „ГЕОСФЕРА“Истражувањето во Горен Баир покажа дека 65 проценти од анкетираните се без образование, 33 отсто само со основно и 2 проценти со средно. (Фото: СДК.МК)

    Надлежните институции, особено Министерство за образование и наука (МОН), пред почетокот на новата учебна година да најдат механизми за вклучување на малолетните деца од битолската населба Горен Баир кои не се вклучени во образовниот процес, побара регионалното здружение „Геосфера“ од Битола. Тие направија истражување меѓу населeнието кое во најголем дел е ромско, опфаќајќи 219 граѓани или 52 домаќинства. Добиените податоци покажаа дека 51 процент од малолетните лица во населбата не посетуваат настава.

    „Демографската и комуналната анализа на најсиромашниот дел на населбата Баир во Битола, покажа дека ромското население живее во очајна состојба: без или ограничен пристап до вода, комунални услуги, невработеност, па дури и без основно образование, кое патем е задолжително“, велат од „Геосфера“.

    Истражувањето е направено во рамките на проектот „И на Баирот се може“.

    Демографската и комунална анализа на населбата Горен Баир покажа дека 65 проценти од анкетираните се без образование, 33 отсто само со основно и 2 проценти со средно. Како главен проблем со кој се соочуваат, 76 проценти од испитаниците одговориле дека е неповрзаноста на градскиот водовод, а 45 проценти немањето асфалт. Повеќе од половината кажале дека цврстиот отпад го одлагаат на депонија, некои и на улица, а само 26 проценти дека го збира ЈП„Комуналец“.

    Истражувањето е направено во рамките на проектот „И на Баирот се може“.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира