60.000 ЛУЃЕ СО ДИНО МЕРЛИН ЈА ДОЧЕКАА 2020 ГОДИНА ВО СКОПСКАТА НАЈМАСОВНА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ДОСЕГА

    60.000 ЛУЃЕ СО ДИНО МЕРЛИН ЈА ДОЧЕКАА 2020 ГОДИНА ВО СКОПСКАТА НАЈМАСОВНА НОВОГОДИШНА ПРОСЛАВА ДОСЕГАПлоштадот беше полн, а луѓе имаше и на улиците Македонија и Никола Вапцаров, на плочникот пред Градскиот трговски центар сѐ до Триумфалната порта.(Фото: Град Скопје)

    Околу 60.000 граѓани од земјава и странство синоќа ја дочекаа Новата година на Плоштадот Македонија во Скопје, во најмасовниот пречек во главниот град досега. На новогодишната прослава пееше босанскиот пејач Дино Мерлин, придружуван од неговиот бенд, а настапот траеше до 1.30 часот.

    Плоштадот беше полн, а луѓе имаше и на улиците Македонија и Никола Вапцаров, на плочникот пред Градскиот трговски центар сѐ до Триумфалната порта.

    Дино Мерлин собра околу 60.000 луѓе од земјава и странство на новогодишната прослава во Скопје. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека синоќа Скопје имаше најдобар и најмасовен дочек на Нова година досега.

    „Скопје имаше спектакуларен и според многумина, досега најдобар пречек на Нова година. Среќен сум што успеавме новогодишната магија да ја пренесеме на толкав број на луѓе. Моето лично мислење е дека присуствуваме на настан од највисоки размери и стандарди. Градот стана регионална дестинација за Нова година, хотелите беа преполни, луѓето задоволни, среќни. Мислам дека во целост се оправда гостувањето на Дино Мерлин“, вели Шилегов.

    Од Град Скопје сѐ уште немаат проценка колкав е бројот на странски туристи кои Новата 2020 година ја дочекаа во Скопје. Во наредните денови ќе се собираат податоците од хотелите, но велат дека имало и голем број гости кои со автобуси дошле во Скопје само за новогодишната ноќ.

    На прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК дали веќе размислува која музичка ѕвезда би ја ангажирал Град Скопје за дочекот на наредната 2021 година после масовната овогодишна посета, Шилегов вели дека веќе размислува за тоа и навремено ќе почне организацијата за Скопје и догодина да има спектакуларна новогодишна ноќ.

    „Ние и во иднина ќе се потрудиме на скопјани да им пружиме уште многу вакви убави моменти“, вели Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира