63-ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ ГИ УБИ 43-ГОДИШНИОТ ВНУК ОД СЕСТРА И НЕГОВИОТ 13-ГОДИШЕН СИН, ПА СЕ САМОУБИ

    63-ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ ГИ УБИ 43-ГОДИШНИОТ ВНУК ОД СЕСТРА И НЕГОВИОТ 13-ГОДИШЕН СИН, ПА СЕ САМОУБИ Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење; - Куќата во која се случи убиството. (Фото: СДК.МК)

    Во Прилеп, 63-годишен маж вчера ги убил својот 43-годишен внук од сестра и 13-годишниот син на внукот, а потоа се самоубил, соопшти Основното јавно обвинителство (ОЈО).

    Од СВР Битола соопштија дека „На 12.07.2025 во 21.20 часот во ОВР Прилеп К. Ч. (43) од Прилеп пријавила дека од домот се оддалечиле нејзиниот сопруг П. Ч. (43) и нејзиниот 13-годишен син (роден 2012) и истата изјавила дека можно било да отишле во куќата на нивниот роднина П. Ѓ. од Прилеп.

    „Од страна на полициски службеници била извршена проверка во домот на П. Ѓ. но никој не ја отворил вратата. По наредба од јавен обвинител, полициски службеници со употреба на сила ја отвориле вратата и кога влегле во куќата едно лице фрлило бомба кон нив која почнала да чади, но не експлодирала. Откако полициските службеници излегле од куќата, било пукано кон нив, при што од полициските службеници било возвратено со пукање од службено оружје кон куќата. Денеска (13.07.2025) во 01.35 часот од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт како последица од повреди од огнено оружје кај П.Ч., П.Ѓ. и 13-годишен малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, вели СВР Битола.

    Од ОЈО велат дека дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 13-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години.

    Според првичните сознанија, 63-годишникот најпрво ги убил својот внук од сестра и неговиот син, поради семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања. По извршување на делото, мотивите за стореното ги објавил и на една социјална мрежа, а потоа се самоубил.

    Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира