73 БЕГАЛЦИ ЗАГЛАВИЈА НА ТАБАНОВЦЕ НА ПАТОТ ЗА ЕВРОПА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:51:"Табановце,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    73 БЕГАЛЦИ ЗАГЛАВИЈА НА ТАБАНОВЦЕ НА ПАТОТ ЗА ЕВРОПА

    Седумдесетина бегалци од Сирија и Ирак останаа заглавени во транзитниот центар Табановце, откако се затворија патиштата кон западноевропските држави. Станува збор за 16 семејства, главно со деца, кои осум месеци трпеливо чекаат да се отвори границата и да го продолжат патувањето кон својата крајна цел. Според Горан Стојановски, менаџер во Транзитниот центар Табановце, најголем број на бегалци имало во март годинава, дури 1.500 во кампот и 400 на граничниот камен, а во моментов има вкупно 73 мигранти со изготвена документација за реадмисија, но таа бројка не е статична и постојано се менува.

    Најголем проблем е што тоалетите се далеку од куќичките (Фото: СДК.МК)

    Најголем проблем е што тоалетите се далеку од куќичките (Фото: СДК.МК)

    „Некогаш знае бројката рапидно да се зголеми и да имаме дополнителни 30-40-50 луѓе, кои се фатени на илегалните премини и процесуирани. Хуманиот третман не се однесува само на овие луѓе што се во кампот, туку по сите конвенции за човекови права мора да се води грижа за сите бегалци, бидејќи дел од нив се ранливи категории кои не можете да ги оставите без храна, без облека, медицинска помош и сѐ друго што им е неопходно.Тие се задоволни од престојот од кампот, но не се задоволни што се запрени да заминат таму каде што замислиле да одат“, вели Стојановски.

    Горан Стојановски, менаџер во Транзитниот центар Табановце (Фото: СДК.МК)

    Горан Стојановски, менаџер во Транзитниот центар Табановце (Фото: СДК.МК)

    Во Транзитниот центар Табановце од март годинава е Сафуад Стив (25) со неговите помали брат и сестра, од градот Алеп од Сирија, студент по право и диџеј. И покрај суровиот живот, позитивен и омилен меѓу вработените, со задоволство прифати да зборува за голготата низ која поминува. Признава дека е уморен од животот под отворено небо, но се надева дека наскоро ќе се постигне договор кој ќе му овозможи да го оствари сонот.

    „Ја напуштив Сирија кога сакаа да ме мобилизираат во војска. Родителите останаа, но се преселија во друг град каде што помалку се војува, а ние тргнавме кон Норвешка кај брат ми. Мојот град Алеп е целосно разурнат и нема каде да се вратам, а војната нема наскоро да заврши. Ќе продолжам понатаму иако знам дека е многу тешко да стигнам. Луѓето што се во кампот немаат намера да останат тука, чекаме да се најде некое решение пред зима и да заминеме“, вели вели Стив.

    Тој не планира на своја рака да го напушти кампот и да продолжи по црните патишта, како многу негови сонародници, бидејќи смета дека е многу неизвесно и опасно да се впушти во таква игра, но и не сака да има проблеми со законот, па чека целата работа да се заврши легално. Задоволен од е од односот на Македонците кон него и неговите најблиски, но не и од условите во кампот.

    Бидејќи кампот е отворен многу е ладно навечер, осбено за децата, а има и кал кога врне. (Фото: СДК.МК)

    Бидејќи кампот е отворен многу е ладно навечер, особено за децата, а има и кал кога врне. (Фото: СДК.МК)

    „Најголем проблем е што тоалетите се далеку од куќичките, па треба да станете во ниедно време и да отидете до нив. Бидејќи кампот е отворен многу е ладно навечер, осбено за децата. Има и кал кога врне. Хендикеп е што нема доволно облека, особено оние со поголеми броеви како мене. Ни храната не е кој знае што, но луѓето кои работат овде се супер, па во принцип и другото е добро“, додава Стив.

    Во Транзитниот центар Табановце од март годинава е Сафуад Стив (25), студент по право и диџеј, со неговите помали брат и сестра, од Алеп, Сирија, чекаат да одат за Норвешка (Фото: СДК.МК)

    Во Транзитниот центар Табановце од март годинава е Сафуад Стив (25), студент по право и диџеј, со неговите помали брат и сестра, од Алеп, Сирија, чекаат да одат за Норвешка (Фото: СДК.МК)

    Статистиката покажува дека мачетириесет проценти од заглавените бегалци на Табановце се деца. Заради нивна едукација СОС, УНИЦЕФ и Министерството за образование од пред три недели започнале да  организираат наставна програ. Часовите се одржуваат секој ден од 9 до 13 часот, а децата учат музичко, физичко, граѓанско општество, арапски, германски, македонски, англиски јазик и друго. Наставата ја изведуваат обучени лица. Во кампот има и други содржини кои им овозможуваат забава на децата. Изградени се игралишта со реквизити за детска игра, а се организираат и посети и забави во кампот.

    „Ние правиме сѐ тие да не се чувствуваат запоставени, затоа ги носиме надвор од кампот. Со дечињата и мајките и бевме во посета на Скопје, да им го пополниме времето да не се чувствуваат дека се зад жичана ограда како во концентрационен логор. Настојуваме да правиме забави, денеска ќе гостува ‘Силви бенд’, ќе пее на арапски јазик, ќе има магионичари за децата“, додава Стојановски.

    ДЕТЕТО БЕЗ СТАРАТЕЛ Е ЗГРИЖЕНО, ТВРДАТ ОД ТРАНЗИТНИОТ ЦЕНТАР

    Но и покрај овие активности и грижа за децата, Детската амбасада Меѓаши излезе со обвинување дека во кампот престојуваат деца без старатели, кои можат да бидат мета на криминални групи, а надлежните не преземаат ништо тоа да го спречат. Последниот случај бил региструран пред неколку дена.

    Четириесет проценти од заглавените бегалци на Табановце се деца, а заради нивна едукација СОС, УНИЦЕФ и Министерството за образование од пред три недели започнале со наставна програма (Фото: СДК.МК)

    Четириесет проценти од заглавените бегалци на Табановце се деца, а заради нивна едукација СОС, УНИЦЕФ и Министерството за образование од пред три недели започнале со наставна програма (Фото: СДК.МК)

    „Точно е дека има едно 16-годишно дете, кое пред четири дена илегално влезе од Србија, заедно со уште еден постар 27-годишен придружник. Тој не се пријавил во граничната полиција, туку илегално влегол во кампот и се сместил во еден од посточеките куќички-контејнери. Да беше евидентиран, веднаш ќе почнеше постапка согласно законот за малолетници, ќе му се одреди социјален работник од подрачната единица на Центарот за социјални работа во Куманово и ќе беше процесуран како налага законот. Постои уште една работа, дека сите тие луѓе кои се вратени од Република Србија се веќе баратели на азил во таа држава, а нелегално престојуваат во нашата држава. Во меѓувреме, сѐ е преземено, одредено му е лице старател во Центарот за социјални работа во Куманово и мислам целата постапка ќе биде завршена во текот на денот“, рече вчера Стојановски.
    Во изминатите месеци, особено кога беше актуелна балканската рута, раководителот вели дека имало неколку случаи на малолетни лица без придружба кои транзитирале низ земјата, но додека да се процесуираат случаите тие ја напуштале Македонија. Поради тоа, ги известувале службите во Србија да продолжат со постапката, но немаат увид како тие завршувале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира