76-ГОДИШЕН КОЧАНЧАНЕЦ ПОЧИНА ВО ШТИП ОД КОВИД-19, 50-ГОДИШНИК ИТНО ПРАТЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА

    76-ГОДИШЕН КОЧАНЧАНЕЦ ПОЧИНА ВО ШТИП ОД КОВИД-19, 50-ГОДИШНИК ИТНО ПРАТЕН НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКАНа Инфективното одделение во Штип бројот на хоспитализирани, е намален од 55 на 42 пациенти. (Фото: СДК.МК)

    Маж на 76 години од Кочани со позитивен тест на коронавирус по кратко хоспитализирање почина во болницата во Штип, а еден пациент на 50 години исто така позитивен на  ковид-19, но со тешки симптоми од Инфективното одделение во Штип итно е префрлен на Инфективната клиника во Скопје, изјави директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.

    За првпат од појавата на коронавирусот во Штип се случи 27 лица да оздрават, а се намалуваат и новозаболените, велат од Центарот за јавно здравје во Штип. Според последните информации, бројката од 17, 27, па дури 60 дневно новозаразени од пред неколку недели, денеска се намали на 11.

    „Моментално, на штипското Инфективно одделение се згрижени 42 пациенти, а беа 55 лица. Само неколку пациенти се симптоматични и се на опсервација. Намален е бројот и на заболените здравствени работници, што дава добар сигнал дека состојбата се смирува“, вели Георгиев.

    Директорот додава дека иако состојбата се подобрува и се намалува во поглед на новозаразените, сепак Клиничката болница заедно со Кризниот штаб на Општината продолжува за секој случај да ја организира монтажната ковид-болница планирана за септември и за неа во тек се инфраструктурните работи.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира