99% ОД ИНТУБИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД ВО ГРЦИЈА ОД ФЕВРУАРИ ДО ДЕНЕС СЕ НЕВАКЦИНИРАНИ

    99% ОД ИНТУБИРАНИТЕ ПАЦИЕНТИ СО КОВИД ВО ГРЦИЈА ОД ФЕВРУАРИ ДО ДЕНЕС СЕ НЕВАКЦИНИРАНИСега вирусот се префрли од пацие ти на 20-25 на нивните родители од 40-60 годишна возраст (Фото: Ѓ. Личовски)

    Грчкиот Парлемент во четвртокот го изгласа амандманот за задолжителна вакцинација на здравствените работници, а властите го вклучија алармот откако ширењето на коронавирусот минатата недела, од возрасна група од 20-25 се префрли на возраста од 40-60 години.

    Според податоците што ги соопшти професорката за инфективни болести на Атинскиот универзитет и член на Комитетот на експерти во Министерството за здравство, Вана Папаевангелу, процентот на потврдени инфекции во последната недела кај возрасни над 40-годишна возраст е значително зголемен и претставува речиси 30 % од нови случаи. Таа рече дека ова зголемување оди рака под рака со порастот на хоспитализациите кои сега надминаа 1.000 по неколку недели. Ако овој тренд продолжи, рече таа, тоа ќе доведе до нов притисок врз националниот здравствен систем.

    Значајно е што се гледа дека зголемените приеми се директно поврзани со релативно ниската стапка на вакцинација кај оваа возрасна група, која не надминува 65%.

    „Ова значи дека едно од три лица на возраст од 40 до 60 години не е вакцинирано. И тие се родители на децата кои сега се на островите и ќе се вратат со вирус во багажот “, нагласи таа повикувајќи ги луѓето во таа возрасна група што побрзо да се вакцинираат. Таа рече дека 99% од пациентите кои се интубирани во ковид единиците за интензивна нега се невакцинирани или само делумно вакцинирани. „Само 42 од вкупно 4600 пациенти, кои беа интубирани од минатиот февруари до пред една недела, беа вакцинирани“, рече Папаевангелу.

    За да ја забрзаат вакцинацијата, властите нудат бонуси и за приватните лекари и фармацевти. За секој термин што ќе го закажат за вакцинација, фармацевтите и лекарите ќе добиваат по 10 евра, за секоја вакцинација во нивната приватна ординација, лекарот ќе добива по 20 евра, а 50 евра ќе добие лекар доколку вакцинира лице во домашни услови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира