АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК ВО КАРПОШ Е ГОТОВ, ОБУЧЕНИ ЛИЦА ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕ

    АДРЕНАЛИНСКИОТ ПАРК ВО КАРПОШ Е ГОТОВ, ОБУЧЕНИ ЛИЦА ЌЕ СЕ ГРИЖАТ ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА ПОСЕТИТЕЛИТЕПаркот кој се протега зад карпата за планинарење ќе има адреналински дел, игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, сквер, обновен скејт парк и нова урбана опрема.(Фото: Општина Карпош)

    Членови на Македонската спортскоа-качувачка федерација ќе се грижат за безбедноста на посетителите во адреналинскиот парк кој Општина Карпош го прави на кејот на реката Вардар. Содржинскиот дел од спортско–адреналинскиот парк е завршен и наредната недела се очекува да се изврши технички прием, по што ќе биде пуштен во употреба.

    „Минатиов период се одржаа потребните обуки на лицата кои ќе бидат задолжени за адреналинскиот дел. Претставници од Македонската спортско-качувачка федерација поминаа тридневна обука, под мониоторинг на сертифицирана фирма. На овој начин, се гарантира безбедноста на граѓаните кои би се рекреирале во адреналинскиот дел од паркот“, вели градоначалникот Стефан Богоев.

    Паркот кој се протега зад карпата за планинарење ќе има адреналински дел, игралишта за фудбал и одбојка на песок, детско игралиште, сквер, обновен скејт парк и нова урбана опрема. Во паркот се засадени и 70 висококвалитетни дрвја, украсни растенија, а поставен е и систем за наводнување.

    „Нашиот фокус е и целосно раззеленување на делот до бунарите на реката Лепенец и до мостот Газела, со што целосно ќе се заокружи овој потег“, вели Богоев.

    Средствата за изградба на паркот се обезбедени преку грант од Европската унија во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност. Грантот е околу 620.000 евра, а од буџетот на Општината за реализација на проектот се одвоени околу 80.000 евра.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира