АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ ПОГОЛЕМА ЦЕВКА ЗА ВОДА ЗА ДА НЕМА ПРОБЛЕМИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕ

    АЕРОДРОМ ЌЕ ДОБИЕ ПОГОЛЕМА ЦЕВКА ЗА ВОДА ЗА ДА НЕМА ПРОБЛЕМИ СО ВОДОСНАБДУВАЊЕГрадоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски денеска рекоа со поставувањето на новата вововодна цевка фи 400 ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Аеродром.(Фото: Град Скопје)

    Град Скопје и ЈП „Водовод и канализација“ поставуваат нова водоводна цевка со пречник фи 400 за да се реши проблемот со водоснабдувањето во населбите Аеродром, Ново Лисиче и Кисела Вода. Секое лето жителите на Аеродром и Ново Лисиче особено оние кои живеат на повисоките катови со денови немаат вода.

    Градоначалникот Шилегов и директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Душко Весковски денеска рекоа со поставувањето на новата водоводна цевка фи 400 ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Аеродром.

    „Прекините на водоснабдувањето во Аеродром ќе бидат минато за граѓаните на оваа општина. Непланскиот развој и нејзината брза урбанизација, за жал не ја следеше и изградба на соодветна инфраструктура, токму заради тоа во изминатиот период граѓаните на општина Аеродром и дел од Кисела Вода имаа проблем со водоснабдувањето“, рече Шилегов.

    Од ЈП „Водовод и канализација“ велат дека ќе инвестираат во нова водоводна и канализациона мрежа за да обезбедат поквалитетни услуги за граѓаните.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира