АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ ПАДНА ПО СКАЛИ И СЕ ПОВРЕДИ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА АРХИТЕКТОТ ЧИПАН ВО ОХРИД

    АКАДЕМИК ГЕОРГИ СТАРДЕЛОВ ПАДНА ПО СКАЛИ И СЕ ПОВРЕДИ НА ЧЕСТВУВАЊЕТО НА АРХИТЕКТОТ ЧИПАН ВО ОХРИДЕкипа на Брза помош е на местото и академик Старделов вели дека се чувствува добро. Сепак, ќе биде однесен во болница на опсервација

    Академик Георги Старделов падна по скалите на вилата „Уранија“ во Охрид и си ја повреди главата. Осумдесет и осумгодишниот Старделов беше меѓу гостите на свеченото одбележување на 100-годишнината од раѓањето на архитектот Борис Чипан.

    При интервенцијата на екипа на Брза помош, академик Старделов велеше дека се чувствува добро. Сепак, однесен е во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“  на опсервација.

    Свеченоста во вилата на Македонската академија на науките и уметностите ја организираат Архитектонскиот факултет од Скопје, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Општината Охрид, Музејот на Град Скопје и МАНУ. Настанот беше закажан во 12 часот.

    Д. ЧУБРИЌ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира