АКТИВИСТИТЕ СО БЛОКАДА НА ПАТОТ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ЈА СПАСИ ПОПОВА ШАПКА

    АКТИВИСТИТЕ СО БЛОКАДА НА ПАТОТ БАРААТ ВЛАДАТА ДА ЈА СПАСИ ПОПОВА ШАПКАКако најголем виновник за пропаѓањето на Попова Шапка активистите го наведуваат лошото менаџирање од ЕЛЕМ (Фото: СДК.МК)

    Активистите на движењето „Спас за Попова Шапка“ повторно го блокираа патот кон Попова Шапка кај старата жичарница. Тие, како и минатата сабота, ги поставија истите барања до Владата со кои бараат да се превземат итни мерки за да престане пропаѓањето на овој наш најголем зимски спортски центар. Како најголем виновник за пропаѓањето на Попова Шапка тие го наведуваат лошото менаџирање од ЕЛЕМ.

    „25 милиони евра од даноците на граѓаните завршија на непозната адреса од лошото менаџирање на ЕЛЕМ со туристичкиот центар Попова Шапка. Гласот на граѓаните денеска кажува доста на ЕЛЕМ, санкционирајте ги тие што предизвикуваат губитоци и дефинитивно да му се одземе управувањето на ЕЛЕМ врз Попова Шапка. Лошото менаџирање направи овој зимски центар да биде избришан од светските туристички карти“, се вели во соопштението кое беше прочитано на протестот.

    Протестот, кој беше пропратен и со блокада на патот кој води кон Попова Шапка траеше околу половина час.

    З. АНДОНОВ

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира