АКЦИЈА НА ПАЈАК СЛУЖБАТА ВО ЧАИР, ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НИЗ ОПШТИНАТА КРЕНАТИ 172 КОЛИ  

    АКЦИЈА НА ПАЈАК СЛУЖБАТА ВО ЧАИР, ЗА ТРИ МЕСЕЦИ НИЗ ОПШТИНАТА КРЕНАТИ 172 КОЛИ  Подигнати се дваесетина возила, а акцијата како што велат од Град Скопје ќе продолжи во текот на денот.(Фото:Град Скопје)

    Пајак службата на ЈП „Градски паркинг“ денеска спроведува акција за кревање непрописно паркирани коли во Општина Чаир. Подигнати се дваесетина возила, а акцијата, како што велат од Град Скопје, ќе продолжи во текот на денот. Изминативе три месеци на територија на Чаир и Бит пазар санкционирани се 172 возила.

    „Градот Скопје во континуитет спроведува акции во сите скопски општини за санкционирање на сите несовесни возачи кои непрописно ги паркираат нивните  возила на јавните површини и прават прекршоци по основ на паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице“, велат од Град Скопје.

    Од Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира