АЛАЃОЗОВСКИ ДВА МЕСЕЦА РАЗГОВАРА СО ШИЛЕГОВ И БОГДАНОВИЌ ШТО ДА ПРАВАТ СО СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗА

    АЛАЃОЗОВСКИ ДВА МЕСЕЦА РАЗГОВАРА СО ШИЛЕГОВ И БОГДАНОВИЌ ШТО ДА ПРАВАТ СО СПОМЕНИКОТ НА МАЈКА ТЕРЕЗАНа 13 декември минатата година на презентирањето на буџетот на Министерството за култура за 2018 година, министерот Алаѓозовски рече дека споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје е во замрзната фаза, додека Министерството за култура не одлучи дали ќе биде дообликуван како објект или ќе се работи на негово отстранување.(Фото: СДК.МК)

    Министерството за култура уште не знае што ќе прави со споменикот на Мајка Тереза, односно дали тој ќе се догради или ќе биде отстранет. Министерот Роберт Алаѓозовски на прашањето на САКАМДАКАЖАМ дали е решено што ќе биде со овој објект кој буквално ја блокира улицата за влез на Плоштад Македонија и почна да го гради неговата претходничка Елизабета Канческа Милевска, вели дека се водат разговори.

    „Разговараме со Град Скопје и Општина Центар. Тоа само можам да ви кажам“, ни изјави Алаѓозовски.

    На 13 декември минатата година на презентирањето на буџетот на Министерството за култура за 2018 година, министерот Алаѓозовски рече дека споменикот на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија во Скопје е во замрзната фаза, додека Министерството за култура не одлучи дали ќе биде дообликуван како објект или ќе се работи на негово отстранување.

    „Во оваа фаза на нејзина изградба, малку пари ќе бидат потребни доколку решиме да ja конзервираме каква што е, вертикален ѕид со бел мермер и конструкција на фонтана. Тоа е веќе исплатено. Доколку решиме да ја конзервираме без сите дополнителни кич елементи кои беа најавени, нема да требаат дополнителни средства. Разговаравме со изведувачот и сите оние кои работи кои беа во проектот, во смисла на бронзени скулптури на ангели и позлата, тоа секако го запревме. Во овој момент композицијата чини околку 2 милиони евра, што е многу помалку од првично замислените средства“, рече Алаѓозовски.

    Споменикот на Мајка Тереза беше најавен како донација на фирмата „Сахара Индија“, сопственост на контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој. Тој заедно со тогашниот премиер Никола Груевски во јануари 2013, го најавија проектот отворајќи ја спомен плочата на Мајка Тереза на Плоштадот Македонија, на местото каде ќе се гради споменикот. Откако Рој отиде во затвор оти не платил оштета на измамени инвеститори во Индија, Владата на Груевски преку Министерството за култура го презеде проектот. Официјалниот старт на градежните работи беше во октомври, 2015 и според договорот со изведувачот „Бетон-Скопје“ треба да чини 5,5, милиони евра и треба да биде висок 32 метри.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира