АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЈА ДОБИ СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“, АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ЗУДИ ЕНУЗИ КОКА ЗА НОВ В. Д. ДИРЕКТОР

    АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ ЈА ДОБИ СКОПСКА „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“, АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ЗУДИ ЕНУЗИ КОКА ЗА НОВ В. Д. ДИРЕКТОРКако што велат од Град Скопје, Кока е  дипломиран правник, и докажан менаџер во деловниот свет. (Фото: Град Скопје)

    Претседателот на општинскиот огранок Чаир на Алијанса за Албанците Зуди Енузи Кока е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“. Градоначалничката Данела Арсовска го разреши досегашниот директор Абдусамед Шабани и на негово место го назначи Кока.

    Како што велат од Град Скопје, Кока е  дипломиран правник, и докажан менаџер во деловниот свет, кој своите компетенции ќе ги стави во функција на успешно водење на ЈП „Комунална Хигиена“.

    Алијанса за Албанците заедно со Алтернатива на локалните избори ја поддржаа кандидатурата на градоначалничката Данела Арсовска. Арсовска од редовите на Алијанса за Албанците ја именуваше советничката Бујаре Абази за заменик-градоначалничка на Скопје.

    Градоначалничката Арсовска денеска го именуваше и Филип Пасху за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“, со што сите јавни претпријатија добија нови директори.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира