АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ДА РАЗГОВАРА СО ВМРО-ДПМНЕ ДОДЕКА НА ЧЕЛО Е ГРУЕВСКИ

    АЛИЈАНСАТА ЗА АЛБАНЦИТЕ НЕМА ДА РАЗГОВАРА СО ВМРО-ДПМНЕ ДОДЕКА НА ЧЕЛО Е ГРУЕВСКИМинистерот за здравство Арбен Таравари денеска го посети Клиничкиот центар во Тетово (Фото: СДК.МК)

    Новоизбраниот министер за здравство Арбен Таравари денеска го посети Клиничкиот центар во Тетово, како прва поголема здравствена установа што ја посетува по неговиот избор за министер. Тој зборуваше и за односот на неговата партија и колизијата со ВМРО-ДПМНЕ.

    „Со ВМРО-ДПМНЕ немаме ништо, имаме со раководството на ВМРО-ДПМНЕ кое во последниов период се однесуваше повеќе од шовинистички, да не речам фашизоидно. Претседателот Иванов е дел од кривицата за она што се случи на 27 април. Да бараше таква гаранција уште во февруари, кога во јануари Груевски не успеа да направи кабинет, и тогаш да се составеше Влада, немаше да се случи 27 април. Со аболицијата и со сите прекршувања на законите и Уставот што ги направи господинот Иванов не заслужува да се нарече пратседател. Тој за нас е само граѓанин. Ние како партија, како Алијанса за Албанците  нема да разговараме се раководството на ВМРО-ДПМНЕ, меѓутоа кога ќе има таму промени, а промени мора да има, ќе седнеме со новото раководство и ќе разговараме како со сите други партии“, изјави министерот Таравари.

    Министерот Таравари  за трансферот на власта во Министертвото за здравство рече:

    “Трансферот го направивме во министерството, со заменик министерот и државниот секретар и неговиот шеф на кабинетот. Жалосно е тоа што се случи со господинот Тодоров, го изразив моето жалење, се слушнав со него по телефон. Веќе две-три години се пука по доктори, се тепаат доктори. Нему му се случи да биде во кожа на докторите, не би рекол дека ми е мило тоа што му се случи и што осети како е да се биде доктор во Македонија, меѓутоа такви случувања ни се случуваат секојдневно по болниците со пациентите бидејќи се направи јаз меѓу нив. “

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира