АПАРТМАНОТ СО ОТПАД МИ Е СКОРО КОМПЛЕТИРАН, ВЕЛИ НУРКАЧОТ ПАСКАЛИ ОТКАКО ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НАЈДЕ БОЈЛЕР

    АПАРТМАНОТ СО ОТПАД МИ Е СКОРО КОМПЛЕТИРАН, ВЕЛИ НУРКАЧОТ ПАСКАЛИ ОТКАКО ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО НАЈДЕ БОЈЛЕРНуркачот Паскали на езерското дно претходно најде стара када, а сега кај Трпејца најде и бојлер. (Фото: Фејсбук)

    Апартманот со отпад ми е скоро комплетиран, вели познатиот охридски нуркач Никола Паскали кој деновиве кај Трпејца на езерското дно на Охридското езеро најде стар бојлер.

    „Бојлерот го откривме кај селото Трпејца, во месноста На Дол, на длабочина од 5 метри и на околу 10 метри од брегот“, вели Паскали.

    Неодамна Паскали на езерското дно најде стара када, потоа градежен шут и други куќни елементи кои несовесни лица ги фрлаат во Езерото.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари