АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ДРАГАН ИЛИЕВСКИ ЗА НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ЗООЛОШКА, ДОАЃА ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

    АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ДРАГАН ИЛИЕВСКИ ЗА НОВ В. Д. ДИРЕКТОР НА ЗООЛОШКА, ДОАЃА ОД ПРИВАТНИОТ СЕКТОРПосле три недели од разрешувањето на Стаменов поставен е нов в. д. директор. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката Данела Арсовска денеска го назначи Драган Илиевски за нов в. д. директор на Зоолошката градина. Откако утрово САКАМДАКАЖАМ.МК објави дека три недели во Зоолошка нема директор, а разрешениот Кристијан Стаменов уште директорува, од кабинетот на Арсовска попладнево соопштија дека на оваа функција доаѓа Илиевски.

    „Илиевски има повеќе од 20 години работно искуство на раководни позиции во приватниот сектор. Дипломиран машински инженер е на Машинскиот факултет, а има завршено магистерски студии по економија“, се вели во соопштението.

    Кристијан Стаменов беше разрешен оти закла 15 коњи во градината, за што немал дозвола и против него и уште петорица вработени МВР поднесе кривична пријава.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира