АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ИВАН ИЛИЕВСКИ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА ЈСП „СКОПЈЕ“ НА МЕСТОТО НА КРИСТИЈАН ЧУШКОВ

    АРСОВСКА ГО НАЗНАЧИ ИВАН ИЛИЕВСКИ ЗА НОВ ДИРЕКТОР НА ЈСП „СКОПЈЕ“ НА МЕСТОТО НА КРИСТИЈАН ЧУШКОВИлиевски (лево) е член на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска го назначи Иван Илиевски за в. д. директор на ЈСП „Скопје“ на местото на досегашниот директор Кристијан Чушков. Илиевски е член на Советот за безбедност во сообраќајот на патиштата на Град Скопје, а работел на раководни позиции во Авто-Мото Сојуз на Македонија и Македонија Сообраќај Америт.

    Чушков на функцијата дојде пред четири години, само еден месец откако ексградоначалникот Петре Шилегов ја презеде функцијата.

    Денеска оставка од функцијата си даде директорот на Зоолошка градина Ѓорѓи Галетановски. Од Градот велат дека градоначалничката Арсовска уште не назначила нов директор на оваа институција.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира