Градоначалничката Данела Арсовска го назначи Марјан Митовски за в.д. директор на ЈП „Водовод и канализација“ откако вчера го разреши досегашниот Златко Перински. Од нејзиниот кабинет ни потврдија дека Митовски кој досега беше вработен во претпријатие од денеска е назначен на функцијата.
- АРСОВСКА ВЛЕТА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА РАЗРЕШЕНИОТ ДИРЕКТОР НА „ВОДОВОД“ И СЕ ИСКАРАА ЗА МИЛИОНСКИОТ ТЕНДЕР ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА
- АРСОВСКА ГО РАЗРЕШИ ДИРЕКТОРОТ НА ВОДОВОД ПЕРИНСКИ, БЛИЗОК СОРАБОТНИК НА МИЦКОСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ, СЕ СОМНЕВА ДЕКА ГО МЕСТЕЛ ТЕНДЕРОТ ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА
Град Скопје има и нов секретар откако Арсовска од функцијата вчера го сменет Ѓоко Велковски кадар на ВМРО-ДПМНЕ оти како што кажа и тој бил вмешан во местењето на тендерот за изградба на пречистителна станица за отпадни води. Нов секретар е Зоран Глигоров кој изминативе три-четири месеци ѝ беше шеф на кабинет на Арсовска.
А. АНТЕВСКА