АРСОВСКА ВИКНА ПОЛИЦИЈА ЗАШТО СЛАВЕСКИ Ѝ ГО УКРАЛ МИКРОФОНОТ

    АРСОВСКА ВИКНА ПОЛИЦИЈА ЗАШТО СЛАВЕСКИ Ѝ ГО УКРАЛ МИКРОФОНОТСлужбите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрофонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема извршена е кражба и оштетена е институцијата.(Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката Данела Арсовска на денешната седница на Советот на Град Скопје викна полиција и го пријави претседателот на Советот Трајко Славески дека го украл микрофонот кој стои на говорницата.

    Службите од Градот им даваа изјава на полицајците кои правеа записник дека микрoфонот е сопственост на Градот и со тоа што го нема, извршена е кражба и оштетена е институцијата.

    Славески на денешната седница го зема микрофонот од говорницата и го стави под неговата маса откако службите не му го вратија копчето со кое може да го исклучи микрофонот на градоначалничката и советниците доколку не се придржуваат на дневниот ред и Деловникот за работата.

    Бидејќи не ми е вратено копчето нема да може да се зборува од говорница, туку ќе зборувате од место, а градоначалничката наместо да седи во магарешките клупи, може да дојде тука, до мене има микрофон“, рече Славески.

    Арсовска потоа си постави подвижен микрофон кој никој не може да го исклучи. Одеше по салата, стоеше на говорницата и се кареше со Славески и дел од советниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Славески му рече дека е Хитлер, деспот и крадец. 

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира