АВТОБУСИ ЌЕ НЕМА И УТРЕ, ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ПАРИ ЗА ДОЛГОТ КОН ПРИВАТНИЦИТЕ, ИМ РЕКЛЕ ДА ПОЧЕКААТ ДО НОВА ГОДИНА

    АВТОБУСИ ЌЕ НЕМА И УТРЕ, ГРАД СКОПЈЕ НЕМА ПАРИ ЗА ДОЛГОТ КОН ПРИВАТНИЦИТЕ, ИМ РЕКЛЕ ДА ПОЧЕКААТ ДО НОВА ГОДИНАДенеска на автобуските станици во Скопје имаше гужви бидејќи јавниот превоз остана без приватните автобуси. (Фото: К. Попов)

    Нема договор меѓу Град Скопје и приватните превозници во Скопје кои од денеска не возат на градските линии 9,12, 23 и 45. На состанокот на претставниците на превозникот „Слобода превоз“ со секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров им било кажано дека Градот нема пари да им го подмири долгот од еден милиони евра ниту пари за тековно работење. Им рекле да почекаат до Нова година за да се предвидат пари за нив во новиот буџет.

    Не најдовме никакво решение. Не само што немаат пари за долгот, туку ни рекоа дека не можат да ни плаќаат и за тековно работење односно да ни се исплаќаат пари за да ставиме гориво. Не добивме никакви гаранци ниту пак одговори зошто не ни се префрлаат парите кои секој ден се прибираат од продадени билети, месечни карти и студентски карти. На градските линии нема да возиме ниту утре, а за приградските наелби дополнително ќе одлучиме“, вели Ленин Јовановски од „Слобода превоз“.

    Јовановски вели дека не му се јасни намерите на Градот. На состанокот им било речено дека тие не ги почитувале одредбите од договорот и дека автобусите им биле валкани.

    Сите забелешки кои ни ги даде секретарот не беа точни и немаат никаква основа да ни го раскинат договорот, ако тоа им е намерата. Во текот на денот се испратени испекции од Градот да ги проверуваат автобусите. Ние ги исполнуваме сите обрвски кои ги наметна Град Скопје кога го потпишавме новиот договор пред една година со новота раководство на Градот. Не знам дали градоначалничката Данела Арсовска, која не беше на состанокот, е информирана за ситуацијава. Јас во текот на денот ќе се обидам да стапам во контакт со неа“, додава Јовановски.

    Денеска на автобуските станици во Скопје имаше гужви, бидејќи јавниот превоз остана без приватните автобуси. Од 8 ноември не возат ниту автобуските на превозникот „Макекспрес“. Приватните автобуси во јавниот превоз учествуваат со 200 автобуси, бидејќи ЈСП „Скопје“ нема доволно автобуси да ги покрие сите линии.

    На 8 ноември градоначалничката Данела Арсовска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ кој престана да вози оти Градот му должи пола милион евра и не им плаќа. На 20 октомври Скопје за првпат во историјата остана без јавен превоз, не возеа автобусите на ЈСП „Скопје“ оти вработените немаа земано плата.

    Колапсот на јавниот превоз се случува во првата година од мандатот на Арсовска, која изборите ги доби токму со ветувањата за брз, модерен, еколошки и бесплатен автобуски превоз за сите граѓаните.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира