Од денеска, автобусите на ЈСП „Скопје“ и на приватните превозни ќе возат цел ден, односно од 5 часот до полноќ. Јавниот превоз се враќа на вообичаеното функционирање откако вчера Владата донесе одлука за укинување на полицискиот час како мерка за заштита од коронавирусот.
„Автобусите ќе сообраќаат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 часот кои ќе возат по редуциран делничен возен ред“, велат од ЈСП „Скопје“.
Укинати уште се трите автобуски линии до Средно Водно 25, 25А и 25Б, туристичката линија „Сити тур“, а не работи и жичницата.
А. АНТЕВСКА