БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА АЕРОМИТИНГОТ ЗА 100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АВИЈАЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ

    БЕСПЛАТЕН АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ЗА АЕРОМИТИНГОТ ЗА 100 ГОДИНИ МАКЕДОНСКА АВИЈАЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦНа аеромитингот ќе учествуваат грчките авиони Ф-16, кои има низок прелет во Скопје лани во рамките на НАТО вежба. (Фото: СДК.МК)

    Бесплатен превоз ќе биде организиран за аеромитингот по повод 100 години Македонска авијација. Аеромитингот ќе се ќе одржи в сабота, на спортскиот аеродром Стенковец во Скопје. На посетителите од Скопје им се препорачува наместо со автомобил на Стенковец да дојдат со бесплатните автобуси, бидејќи паркинг местата се со ограничен капацитет.

    Автобуси утрото во 8.30 часот ќе има од повеќе локации во Скопје и тоа во Автокоманда кај просториите на ЈСП, пред Транспортен центар, во Ѓорче Петров кај пазарот, во Бутел кај „Еделпром“ и пред салата „Борис Трајковски“.

    Автобусите ќе возат во двата правци. Од 8.30 часот до 14 часот кон аеродромот Стенковец, а од 14.30 часот до 19 часот кон петте локации во Скопје.

    Влезот на аеромитингот е бесплатен. Аеродромските врати за посетители ќе бидат отворени во 9 часот, а официјалната програма почнува во 11. Посетителите ќе можат да видат акробатско летање со авиони, прелети во група и низок прелет на патнички авион. Падобранците ќе го развеат најголемото државно знаме од воздух, а едриличарите ќе презентираат акробации. Специјални гости ќе бидат авиони од воздушните сили на Србија, Италија и Грција.

    На аеромитингот ќе биде изложен и единствениот македонски воздухоплов дизајниран и произведен од членови на Аероклубот Скопје „Илинденка“, кој го претставува „светиот грал“ на македонското воздухопловство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира