БЕСПЛАТНИ СЛОБОДНИ БИЛЕТИ ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО СКОПЈЕ, СО ПАРИТЕ ОД БАРОКОТ РЕНОВИРАНИ 19 СРЕДНИ УЧИЛИШТА, РЕЧЕ ШИЛЕГОВ

    БЕСПЛАТНИ СЛОБОДНИ БИЛЕТИ ЗА СИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ ВО СКОПЈЕ, СО ПАРИТЕ ОД БАРОКОТ РЕНОВИРАНИ 19 СРЕДНИ УЧИЛИШТА, РЕЧЕ ШИЛЕГОВГрадоначалникот Шилегов денеска при посетата на средното улилиштеОрце Николов рече дека со пренамената на парите од барокните фасади летово реновирани се сите 19 средни училишта кои се под надлежност на Град Скопје. (Фото: Град Скопје)

    Сите средношколци во Скопје, без разлика колку им е одалечено училиштето од местото на живеење, од оваа учебна година ќе добиваат бесплатни слободни билети. Досега слободни карти им следуваа само на учениците на кои училиштето им е одалечено повеќе од 2,5 километри од нивните домови.

    Градоначалникот Петре Шилегов рече дека со оваа мерка бројот на дополнителни слобони билети кои ќе се покриваат со средства од буџетот на Град Скопје е за плус 2.000 ученици.

    „Без разлика колку е одалечено училиштето од местото на живеење на секој средношколец ќе му следува бесплатен билет. Овие средства ги обезбедивме со заштеди во досегашното работење. Досега 20.000 ученици добивале бесплатни билети, сега бројот ќе се зголеми за плус 2.000“, рече Шилегов.

    Градоначалникот Шилегов при посетата на гимназијата Орце Николов рече дека локалните власти летово работеле на реновирање на сите 19 средни училишта  во Скопје. На 13 се поставени енергетско-ефикасни фасади, а според потребите во училиштата ренована е столаријата, подовите, дворовите, како и тоалетите кои се адаптирани за лица со посебни потреби.

    „Сите училишта пред почетокот на грејната сезона ќе имаат енергетско-ефикасни фасади. При градежните работи на училиштето Орце Николов се водеше сметка во консултација со проектантот и Асоцијацијата на архитекти на Македонија фасадата да не трпи визуелни промени и да го задржи постојниот визуелен изглед. Средствата за реновирање на училиштата ги обезбедивме со пренамена на парите од криминалниот проект Скопје 2014“, кажа Шилегов.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира