БЕСПЛАТНИOT АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ  Е РЕАЛНОСТ, ПРИХОДОТ НА ЈСП СКОПЈЕ ОД БИЛЕТИ Е САМО 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ

    БЕСПЛАТНИOT АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ  Е РЕАЛНОСТ, ПРИХОДОТ НА ЈСП СКОПЈЕ ОД БИЛЕТИ Е САМО 1,2 МИЛИОНИ ЕВРА ГОДИШНО, ВЕЛИ ДИРЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИОколу 30 отсто од приходите на претпријатието се од продажба на билети.(Фото: СДК.МК)

    Околу 200.000 денари е дневниот приход на ЈСП „Скопје“ од продажба на билети. Тоа значи дека месечно по овој основ во претпријатието се влеваат околу 100.000 евра, а годишно 1,2 милиони евра.

    Новиот директорот на ЈСП „Скопје„ Иван Илиевски вели дека овие средства не се многу за да не може да се покрие бесплатниот автобуски превоз кој градоначалничката Данела Арсовска го најави во својата изборна кампања.

    „Според бројките кои ги добив, околу 30 отсто од приходите кои ги има претпријатието се од продажба на билети. ЈСП не живее од билетите и затоа бесплатниот автобуски превоз е реалност и може да се реализира“, вели директорот Илиевски.

    Илиевски на брифинг со новинарите кажа дека го затекнал претпријатието во многу лоша финансиска состојба и дека во наредниот период ќе работат на негова консолидација.

    „Загубата до денеска е околу 2 милиона евра, а обврските кои има претпријатието  кон добавувачи околу 3 милиони евра. Во процесот на јавни набавки многу малку фирми се пријавуваат оти не им се плаќа. Тоа влијае врз цената на деловите и сè друго што е врзано со работењето на претпријатието“, вели Илиевски, додавајќи дака од 1 јануари ќе почне да се исплаќа и кредитот од 10 милиони евра од ЕБОР за набавка на новите автобуси од МАН.

    ЈСП „Скопје“ со години е во загуби и за да можат да се исплати плата на вработените и обрвски кон добавувачи постојано добива субвенции од буџетот на Град Скопје.

    Бесплатниот автобуски превоз, како што најави градоначалничката Данела Арсовска, за сите граѓани ќе биде воведен за две години. Од почетокот на наредната година ќе се врати бесплатното возење за пензионерите, кое беше укинато пред две години поради пандемијата на ковид-19.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира