БЕТОНСКА ОГРАДА НА УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ЗА ДА НЕМА ПРЕТРЧУВАЊЕ НА ПЕШАЦИ

    БЕТОНСКА ОГРАДА НА УЛИЦАТА ЦВЕТАН ДИМОВ ВО ЧАИР ЗА ДА НЕМА ПРЕТРЧУВАЊЕ НА ПЕШАЦИБотонските плочи се високи еден метар и се поставени во должина од 380 метри односно од почетокот на улицата до крстосницата кај болницата за гинекологија во Чаир.(Фото: Општина Чаир)

    На улицата Цветан Димов во скопски Чаир, Град Скопје синоќа постави бетонска оградаа за да се одвојат коловозните ленти, за  да не може да се претрчува од едната на другата страна на улицата. Во овој дел од градот иако има пешачки мост никој не го користи, па кој како сака минува низ улицата. Возила постојано има испаркирано на коловозот и вртат полукружно иако тоа е забрането.

    Ботонските плочи се високи еден метар и се поставени во должина од 380 метри односно од почетокот на улицата до крстосницата кај болницата за гинекологија во Чаир.

    „Оградата ја поставивме за поголема заштита на пешаците и велосипедистите на улицата Цветан Димов во Општина Чаир, како и за воспоставување контрола на сообраќајниот метеж на оваа улица“, велат од Град Скопје.

    Од Градот велат дека на оградата долж улицата ќе бидат нацртани графити, со што и во овој дел од градот ќе добие галерија на графити налик онаа во Градскиот трговски центар.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира