БИТОЛА ПОГОДЕНА ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРАД

    БИТОЛА ПОГОДЕНА ОД СИЛНО НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРАДОва беше најголемото невреме годинава, велат битолчани. (Фото: СДК.МК)

    Силни врнежи од дожд и град ја зафатија Битола попладнево. Град со големина на орев погоди неколку битолски населби, а поројниот дожд кој траеше петнаесетина минути предизвика поплави низ дел од улиците, гаражи, визби и други објекти.

    Битолчани не паметат кога во последниве години паднала толкава количина на град.

    Град со големина на орев погоди неколку битолски населби. (Фото: СДК.МК)

    „Удираше толку силно што помисливме дека ќе го дупне таванот и дека ќе ги искрши прозорците на куќата. По улицата имаше луѓе кои немаа каде да се засолнат од што врнеше интензивно и од што удираа зрната град. Ова беше најголемото невреме годинава“, коментираат битолчани.

    Критично со поплавените улици беше во битолскиот Баир, кои од надојдената вода беа непроодни за сообраќај. Силно невреме со обилни врнежи дожд, грмотевици и град Битола ја имаше зафатено и пред десетина дена, кога наврнаа над 36 литри на метар квадратен за помалку од половина час. Надојдената вода, посебно во пониските делови од градот, не можеше да ја прими атмосферската канализација и дел од улиците, дворовите, визбите и гаражите беа поплавени.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира