БИТОЛЧАНИ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ КОН РЕК ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ ЌЕ ГО БЛОКИРААТ ПАТОТ КОН РЕК ПОРАДИ ЗАГАДУВАЊЕТО

    Со слоганот „Битола се гуши, Битола умира“, битолчани од четврток до сабота ќе го блокираат патниот правец за РЕК „Битола“. Според објавата на здружението „За нас се работи“ на социјалните мрежи, блокадите се траат од 15 до 17 часот поради енормно загадениот воздух. На овој начин, битолчани сакаат да испратат ултиматум до општина Битола и до Владата за преземање итни мерки за решавање на проблемот со загадувањето.

    Тие бараат субвенционирање на електрична енергија до спроведување на гасификација и режим на сообраќај во централното градско подрачје. Од здружението велат дека блокадите немаат никаква поврзаност со политиката и дека се организираат само во интерес на тоа Битола да добие почист воздух. Доколку не им се исполнат барањата најавуваат целосна блокада на патот кон РЕК.

    Енергетските капацитети, меѓу кои и РЕК Битола, според законските прописи филтри за прашина треба да постават до 2017 година, иако за останатите индустриски капацитети овој рок истече во април 2014 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира