БИТОЛЧАНИ ТРИ ГОДИНИ ПОЛАГААТ ЗА ВОЗАЧИ ВО ПРИЛЕП

a:1:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica

    БИТОЛЧАНИ ТРИ ГОДИНИ ПОЛАГААТ ЗА ВОЗАЧИ ВО ПРИЛЕП

    Цели три години битолчани за возачи полагаат во Прилеп и во Ресен. Кандидатите за возачи се принудени да патуваат во други градови откако во 2013 година Секторот за управно-надзорни работи при МВР ја забрани употребата на полигонот кај спортската сала „Младост“ зашто не ги исполнуваше пропишаните стандарди. За цело ова време трае и постапката во општина Битола за нова локација и законска документација за изградба на нов полигон.

    „Џабе битолчани се кабадаи кога возачи стануваат во Прилеп и во Ресен“, коментираат битолчани.

    Испитните центри немаат каде да го одржуваат практичниот дел од испитот, па кандидатите се упатуваат да полагаат на полигоните во соседните градови.

    „Според искуството на лица упатени во овој бизнис, на годишно ниво Битола има од 1.000 до 1.200 кандидати за полагање на возачки испити. Ако секој од нив плаќа по 1000 денари за да полага на полигони во соседните градови тоа е на годишно ниво трошок од 20.000 евра или за три години 60.000 евра кои се одлеале во Прилеп и Ресен. Тука се и патните трошоци, во просек од 600 денари на кандидат или 10.000 евра годишно“, велат идните возачи.

    Општина Битола и во мај и сега со истиот одговор на прашањето до каде е постапката за полигонот.

    „Во моментов се води постапка за две локации, едната по иницијатива на приватен инвеститор која е во фаза на добивање на согласност од Министерство за транспорт и врски, а втората локација која е по иницијатива на општината е во завршна фаза пред поднесување во Министерство за транспорт и врски за добивање на согласност“, стои во писменото соопштение од Општината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира